Тројца албански државјани под истрага за производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Скопје, 16 Март 2018

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против тројца државјани на Република Албанија заради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст. 1 од Кривичниот законик.

Лицата се осомничени дека во Република Албанија неовластено набавиле наркотична дрога марихуана со вкупна маса од околу 38 килограми, ја внеле во Македонија, ја препакувале во 36 најлонски пакувања и во две торби со возило ја донеле до нелегален граничен премин кон Република Грција во близина на селото Лажец. Еден од осомничените останал во возилото да чека, додека другите двајца се обиделе дрогата пеш да ја пренесат во Република Грција заради продажба. Сите тројца биле затекнати во извршување на делото во близина црквата во селото Лажец.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежен јавен обвинител предложи определување мерка притвор за осомничените, а судија на претходна постапка на сите тројца осомничени им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

167 total views, 1 views today