Донесена наредба за истрага за две лица за Злоупотреба на службена положба и овластување и соизвршителство при вршење на јавни набавки

Скопје, 16 Март 2018

​Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување при вршење на јавни набавки од чл.353 ст.5 в.в. ст.1 в.в со чл.22.

Имено, во периодот од мај до август 2015 година при спроведување на постапка за јавна набавка во износ од 660.834.855 денари за одржување на хигиена, тековно одржување, дактилографски услуги, противпожарна заштита и оперирање со телефонски централи, првоосомничениот како директор на владина служба ги пречекорил границите на своето службено овластување и потпомогнат со соизвршителство од второосомничениот – како сопственик на правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија при што со дејствијата е прибавена значителна имотна корист за сопственикот на правното лице и правното лице.

Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за првоосомничениот и Предлог за определување на мерки на претпазливост за второосомничениот.

Судија на претходна постапка ги прифати предлозите на обвинителството.

230 total views, 1 views today