Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место каде вечерва имаше престрелка

Скопје, 05 Април 2018

Вечерва во Мала Речица, во меѓусебна престрелка меѓу две групи животот го загуби едно лице, а неколкумина се повредени.  Причините за настанатата престрелка во моментов се непознати и претстои нивно расветлување.

Во организирана акција на обвинителството и Министерството за внатрешни работи, две лица учесници во престрелката кои со возило се упатиле кон Скопје се лишени од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место заедно со екипа на Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место кои ќе бидат вештачени. Издадена е и Наредба за анализа на ДНК профили, за обдукција на починатото лице, како и за земање на парафински ракавици.

Дејствијата на Основното јавно обвинителство Тетово продолжуваат во континуитет се до целосно расветлување на настанот.

128 total views, 1 views today