Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција гони шест лица за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Скопје, 16 Мај 2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица. Петмина од осомничените се товарат дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ од чл.215 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичниот законик, а едно лице за помагање. При спроведена акција, во текот на вчерашниот ден пет од осомничените лица се лишени од слобода. По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка со Решение им определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Осомничените се дел од два одвоени настани случени во текот на 2017 година, а за кои беше побарана и меѓународна правна помош од Репубика Србија.

Имено, во текот на месец септември минатата година тројца од осомничените учествувале во неовластено организирање, продавање, купување заради продажба, држење и пренесување на наркотична дрога – кокаин што неовластено заради продажба била набавена во Белгија за сума од 25.000 евра. Во момент на рутинска контрола на возилото во кое се наоѓала дрогата од страна на српските царински службеници, осомниченото лице се дало во бегство, а во возилото се пронајдени 483,7 грама наркотична дрога – кокаин и 1328,3 грама смеса за мешање – фанацетин и манитол.

Вториот настан се случил во текот на месец декември 2017 година кога три осомничени лица земале учество во неовластено организирање, купување заради продажба, држење и пренесување на наркотична дрога – марихуана. Едно од лицата неовластено заради продажба купило 128 кг. и 670 грама наркотична дрога – марихуана и истата заедно со петто осомниченото лице ја сокриле во специјално направен бункер во резервоар за гориво во товарно моторно возило марка „ДАФ“. Шесто осомниченото лице требало да ја пренесе од територијата на Р.Косово до територијата на Р.Србија за одреден паричен надомест. На полицискиот пункт „Џеп“ кај Владичин Хан товарното возило било запрено од страна на полициските службеници од министерството за внатрешни работи на Р.Србија. При прегледот на резервоарот на возилото пронајдени се и запленети 131 пакување со наркотична дрога – марихуана со вкупна количина од 128 кг. и 670 грама, а возачот е задржан.

73 total views, 1 views today