Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на местото на вооружена престрелка

Скопје, 14 Јули 2018

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место на улицата „29-ти Ноември“ во Тетово каде што во вооружена престрелка во текот на ноќта беа повредени три лица.

Повредените поради сериозноста на повредите веднаш се пренесени на скопските клиники, а мотивот за престрелката ќе се утврдува.

За таа цел, јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и вештачење на трагите пронајдени на лице место, за вештачење на пронајденото оружје (еден пиштол) и муниција, како и за вештачење  на возилото пронајдено на местото на престрелката.

По наредба на јавниот обвинител, на сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуство на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во нивната крв.

82 total views, 1 views today