Во Прилеп извршен увид на местото каде беше пронајден мртов полициски службеник

Скопје, 21 Јули 2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника при ПС Прилеп, изврши увид на местото во близина на локалниот пат с.Беловодица-с.Дрен, каде вчера попладне беше пронајден мртов 45-годишен полициски службеник вработен во МВР – ПС Прилеп. Лицето е пронајдено во лежечка положба до неговото возило, со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.

Притоа јавниот обвинител издаде наредба за подигање на предмети и траги кои можат да послужат како доказ и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

81 total views, 1 views today