Соопштенија

Основното јавно обвинителство Свети Николе ги истражува причините за сообраќајната несреќа помеѓу камион и автобус

Сообраќајната несреќа се случи на 23 јули, во 13.40 часот на магистралниот пат Велес – Штип, помеѓу автобус во сопственост на фирмата Кит Го  од Штип управуван од возач од Велес роден 1964 година  и  камион ТМВ влекач со полуприколка со регистарски ознаки од Скопје, управуван од жител на Скопје, роден во 1987 година.

Во несреќата се лесно и тешко повредени 22 патници од автобусот. Возачот на камионот се здобил со тешки телесни повреди и поради нивната сериозност е испратен од болницата во Велес во Скопските клиники.

Согласно дадените насоки од надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Свети Николе, увидните екипи од Министерството за внатрешни работи извршија обезбедување на траги од лице место. Дополнително ќе биде извршено и сообраќајно техничко вештачење. Издадена е и наредба за проверка на присуство на алкохол во крвта на двајцата возачи.