Оформен предмет по допрен глас во врска со постапките за јавни набавки во Министерството за здравство

Скопје, 10 Август 2018

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапки на доделување на договори за јавни набавки во Министерството за здравство.

Предистражната постапка е како резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид на кривични дела.

 

176 total views, 1 views today