Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Прилеп ја истражува несреќата на параглајдеристите на „Мечкин Камен“

Во текот на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп во соработка со екипата на крим-техника од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде двајца параглајдеристи ги загубија животите. Во насока на расветлување на настанот издадена е наредба за обезбедување на траги и докази, наредба за симнување на видео запис и наредби за исчитување на податоците од лајф-трекер системите на параглајдерите.

Несреќата се случи на ден 17.08.2018 година околу 12,30 часот во близина на Крушево, кај месноста „Мечкин Камен“ во момент на одржување на турнир за параглајдери British Open Championship 2018. Во несреќата животот го загубија едно лице од Украина и едно лице од Велика Британија. Државјанинот на Украина (56) кој летал како турист при пад на параглајдерот починал на самото место, додека параглајдеристот од Велика Британија (54) – учесник на турнирот при падот со параглајдерот се здобил со тешки телесни повреди и со знаци на живот е пренесен во болницата во Прилеп каде починал за време на обидот за реанимација.

Заради утврдување на причините за смртта, надлежниот јавен обвинител издаде и наредба за обдукција врз телата на починатите.