Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачот што рани едно лице

Скопје, 20 Август 2018

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид на местото каде беше рането едно лице. Издадени се наредби за собирање на траги од местото на настанот, за скицирање и фотографирање на местото и наредба за трагање по осомничениот.

Настанот се случил денеска околу 11 часот во с. Долна Бањица, гостиварско, во домот на оштетениот. Според првичните информации осомничениот кој е во блиски роднински врски со оштетениот, пукал со огнено оружје и притоа го ранил оштетениот во пределот на стомакот. Со возило на Итна медицинска помош жртвата е пренесена во Ургентно – хируршкиот центар во Скопје каде што е извршена хируршка интервенција.

Осомниченото лице е недостапно на органите на прогонот, се преземаат мерки за негово пронаоѓање.

51 total views, 2 views today