Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на местото на тешка сообраќајна несреќа во Ново Лисиче

Скопје, 18 Септември 2018

Дежурен јавен обвинител синоќа изврши увид на лице место на булеварот „Србија” во Скопје, каде што се случи тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени три лица. Несреќата се случила кога на тројцата пешаци - возрасни маж и жена и нивната тригодишна внука налетало товарно моторно возило „Пежо Партнер” со велешки регистерски ознаки.

Поради сериозноста на повредите, жената и нејзината внука итно беа пренесени во Ургентниот центар. Во текот на ноќта жената починала, додека девојчето се уште се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Веднаш по несреќата јавниот обвинител издаде наредба за проверка на присуство на алкохол и наркотици во крвта и урината на возачот. Возилото е подигнато од местото на несреќата и предадено на вештачење, а се преземаат и сите неопходни дејствија за утврдување на фактите.

По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата жена ќе се врши обдукција.

63 total views, 1 views today