Побаран притвор за две лица кои извршија рабојништво на бензинска пумпа во с. Велешта

Скопје, 19 Септември 2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за сторено кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничените, 24-годишен жител на с. Велешта и 27-годишен државјанин на Република Албанија, се гонат за разбојништвото кое на 3 август годинава го извршиле во бензинската пумпа на Макпетрол , лоцирана во с. Велешта, струшко.

По интензивно преземање  дејствија во координација со Министерството за внатрешни работи, двајцата осомничени беа лишени од слобода во текот на вчерашниот ден.

Поради постоење на законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомничените лица.

28 total views, 2 views today