Одржан е состанок со претставници на Европската комисија за ефикасност на правдата

Скопје, 20 Септември 2018

Јавниот обвинител на Република Македонија вчера одржа состанок со делегација на Европската комисија за ефикасност на правдата – СЕРЕЈ, предводена од Рамин Гурбанов, заменик претседател на СЕРЕЈ.

Цел на посетата во Јавното обвинителство на Република Македонија беше помошта која ја обезбедува СЕРЕЈ во анализирањето на состојбите и поддршката на правосудните институции од државата во сферата на правосудната статистика.

Јовески даде краток осврт  на активностите во областа на статистиката на јавното обвинителство, извештаите и информатичката технологија. Фокус на разговорот беше подобрувањето на информатичките системи за управување со предметите и зајакнување на човечките капацитети во обвинителствата.

Пред Јавниот обвинител на Република Македонија беше презентирано истражувањето од Советот на Европа за функционирањето на правосудните системи. Подготвениот извештај од СЕРЕЈ, беше истакнато, е добра основа за натамошно креирање на политиките и преземањето на мерките во правосудството, како и  во предлагањето соодветни реформи за подобрување на ефикасноста на правдата.

48 total views, 1 views today