Соопштенија

Извршен е увид на местото каде вчера беше стрелано во едно лице

Вчера околу 16.00 часот, на патот во с. Никуштак, кумановско пукано е од непосредна близина во едно лице кое и покрај обидот, не е повредено. Настанот се случил откако двајца осомничени со патничко моторно возило застанале на патот откако го виделе оштетеното лице. Едниот од нив излегол и по краток разговор од непосредна билизина со огнено оружје пукал во оштетениот.  Потоа веднаш влегол во возилото во кое подготвен чекал возачот – второто осомничено лице и се упатиле во непознат правец. Со овие дејствија двајцата осомничени сториле кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место. Издадени се Наредби за обезбедување и прибирање траги и материјални докази од местото на кривичниот настан. Ќе биде исвршен и распит на оштетеното лице. Според првичните информации, причина за обидот за убиство биле должнички односи меѓу двете страни.

Основното јавно обвинителство Куманово ги презема сите дејствија за целосно расчистување на настанот.