Соопштение

Скопје, 27 Декември 2018

Ја известуваме јавноста дека денеска во Јавното обвинителство пристигнаа вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12.

Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот.

74 total views, 1 views today