Поднесен Обвинителен акт за обид за убиство во Батинци

Скопје, 18 Јануари 2019

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.

Тројцата на 22.10.2018 година во с. Батинци со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило БМВ 750 со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки – калашникови и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.

Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка.

95 total views, 1 views today