Побаран притвор за осомничен од Охрид во чиј дом е пронајдена дрога

Скопје, 19 Јануари 2019

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Сторителот, 35-годишен охриѓанец, неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во Охрид.  Во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајден еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење  – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја.

84 total views, 1 views today