Побаран притвор за лице осомничено за неовластена продажба на дрога

Скопје, 07 Февруари 2019

Основното  јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 06.02.2019 година, при претрес во домот во кој привремено престојувал осомничениот, било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во метална кутија со нето маса од 4,55 грама и наркотична дрога – хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц. Истовремено биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.

Против осомничениот Основното јавно обвинителство – Скопје води и друга кривична постапка во рамките на која тој е веќе обвинет дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во рамките на таа постапка од страна на надлежниот суд му беа определени мерки на претпазливост. Имајќи го особено предвид ваквиот факт, односно можноста осомничениот да го повтори делото, како и опасноста тој да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор.

48 total views, 1 views today