Основното јавно обвинителство Кочани поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено Убиство

Скопје, 26 Септември 2014

По спроведената истражна постапка за кривично дело Убиство, Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд Кочани на ден 26. 09. 2014 година поднесе Обвинителен акт против едно лице.

 Кривичното дело за кое обвинителството го гони обвинетиот се случи на ден 8 април 2014 година, кога во неговиот дом во с. Спанчево, обвинетото лице со умисла и на подмолен начин го лишил од живот својот син.

Надлежниот обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката Притвор, ценејќи дека сеуште постојат законските основи за нејзино определување.

 

542 total views, 1 views today