Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје гони осомничен за тешка кражба на повеќе од 600.000 денари од автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна од една до пет години.

Осомничениот на 01.02.2019 година со автомобилска свеќичка го скршил стаклото од задната лева врата од возило Мерцедес Б180 паркирано на улица „Загребска“ во Скопје. Притоа од возилото одзел една торба и една спортска ќеса, во кои имало службени и лични документи на сопственикот на возилото, платежни картички, службена легитимација и 8.000 денари. Освен ова, тој одзел и една платнена торба во која имало 600.000 денари.

Заради непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот за лицето да бидат определени мерки на претпазливост – обврска да се јавува повремено кај определено службено лице и привремено одземање на патната исправа или други исправи за преминување на државната граница, односно забрана за нивно издавање.