Поднесено обвинение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Скопје, 05 Март 2019

Основното  јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 06.02.2019 година, при претрес во домот во кој привремено престојувал обвинетиот, било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана спакувана во метална кутија со нето маса од 4,55 грама и наркотична дрога – хашиш со волумен од 8 милилитри во пластичен шприц. Истовремено биле пронајдени и две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин, како и шише со остатоци од марихуана.

Ценејќи дека се уште постојат законските основи, а особено имајќи го предвид фактот дека против обвинетиот во истиот момент се водат постапки за уште едно кривично дело –  Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетото лице.

 

56 total views, 1 views today