Соопштенија

Потпишан Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза

Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија, Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители и амбасадорката Ингибјорг Солрун Гисладотир, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР денеска потпишаа Меморандум за разбирање за спроведување на програма за јавни обвинители и криминал од омраза (ПАХТ Програма).

Ценејќи дека криминалот од омраза претставува повреда на човековите права и закана за владеењето на правото и демократската стабилност, потписниците на Меморандумот се обврзаа да дадат активно учество во реализација на програма за обуки наменети за јавните обвинители. Страните се договорија да назначат нивни Национални офицери за имплементација на ПАХТ Програмата. Имплементацијата  на Меморандумот ќе оди во насока на обука за обучувачи јавни обвинители и донесување на Национален план  преку кои со едукација за криминал од омраза ќе бидат опфатени сите јавни обвинители во државата.