Едно лице под истрага за разбојништво во Крива Паланка

Скопје, 06 Јуни 2019

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дeка сторило кривичнo делo – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24-годишен жител на Крива Паланка, на 4 јуни влегол во стан во сопственост на едно оштетено лице и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои.

Тој во станот влегол преку незаклучена врата и од сопственикот кој бил во домот побарал пари. Оштетениот одбил да му даде пари, по што осомничениот започнал да го удира со раце и нозе по целото тело. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – контузија на глава, контузија на мозок и фрактура на носот. Потоа осомничениот со нож се заканил, повторно барајќи пари од оштетениот.  Бидејќи повторно не успеал во намерaта, со употреба на сила извршил пребарување низ џебовите на жртвата и одзел 370 денари, по што избегал.

Судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

46 total views, 1 views today