Соопштенија

Основното јавно обвинителство Прилеп спроведува истражна постапка против едно лице за кривично дело – Примање поткуп

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од СВР Битола-ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп пристапи кон собирање на известувања за сторено продолжено кривично дело Примање поткуп извршено од страна на едно осомничено лице.
Осомничениот се товари дека во текот на годинава неколку пати примило поткуп од оштетеното лице, за службено дејствие кое осомничениот морал да го изврши,
Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основен суд Прилеп поднесе предлог за определување на мерка притвор.
Судијата на Претходна постапка при Основен суд Прилеп на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 8 дена почнувајќи од 03.10.2014 година.