Соопштенија

Поднесено обвинение за кражба од автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело  – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот на 24 јуни, во вечерните часови, на ул. „Струмичка“ во Скопје, од патничко моторно возило Мерцедес Ц200 со такси ознаки, одзел пари во вкупен износ од 3.910 денари. Имено, тој употребил дел од автомобилска свеќица за да го скрши предното лево возачко стакло на автомобилот и со рака ја пребарал фиоката од левата возачка врата, каде ги пронашол парите и ги одзел со намера противправно да ги присвои.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека уште постојат околностите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворот за обвинетото лице.