Побаран притвор за лице осомничено за неовластено пуштање во промет на хероин

Скопје, 04 Јули 2019

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 02 јули, во својот дом на улица „Јајце“ во Скопје, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин со вкупна нето тежина од 99,15 грама. При претресот на неговиот дом била пронајдена и сива дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

Ценејќи дека постојат околности кои го оправуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

21 total views, 3 views today