Издадена е наредба за вештачење на пронајдената рачна бомба

Скопје, 10 Јули 2019

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп заедно со екипа од крим техника при Министерството за внатрешни работи, Полициска станица Прилеп изврши увид на местото каде денеска беше пронајден предмет – рачна бомба, во близина на кафулето „Кафе ин “ во Прилеп. Во присуство на припадници од Одделот за антитерористичка заштита рачната бомба безбедно е демонтирана.

Пронајдениот материјал е подигнат, обезбеден, документиран и испратен на вештачење. Основното јавно обвинителство Прилеп издаде наредби за проверки и расчистување на настанот.

27 total views, 1 views today