Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 25 лица – вработени во Основниот Суд Скопје 1 Скопје – оддел за прекршоци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 25 лица, сите вработени во Основниот Суд Скопје 1 Скопје – оддел за прекршоци, за основано сомнение дека сториле кривично дело – Несовесно работење во службата, од член 353-в ст.3 вв со ст.1, во врска со член 45 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Постапувајќи по поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи – оддел за организиран криминал, Основното јавно обвинителство Скопје спроведува истражни активности за 25-те вработени од Основниот Суд од кои 14 се судии и останати судски службеници.

Сомнението е дека во текот на 2010 година до нив биле доставени предмети Барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени праични казни, а не биле доставени на извршување.

Основното јавно обвинителство Скопје основано се сомнева дека поради несовесното работење на осомничените е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија од околу 68.000.000,00 денари.

Во Основното јавно обвинителство Скопје продолжува истражната постапка против 25 осомничени со цел утврдување на сите факти и докази во предметот.