Соопштенија

Основното јавно обвинителство Гостивар спроведува истрага против едно лице за сторено кривично дело – Убиство

Надлежен обвинител изврши увид на лице место за кривичниот настан кој се случи на 7 октомври во Гостивар, кога едно лице почина од насилна смрт. По извршениот увид од страна на обвинителот и на крим техника, дадена беше и Наредба за обдукција.
Следеше Кривична пријава против осомничениот за извршено кривично дело –  Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот Законик на Република Македонија, која до Основното  јавно обвинителство ја достави МВР – СВР Гостивар.
Основното јавно обвинителство Гостивар утврди дека делото го извршил сопругот на жртвата, па согласно своите надлежности донесе Наредба за спроведување на истражна постапка. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на предходна постапка во Основниот суд Гостивар поднесе Предлог за определување на мерка Притвор за осомничениот.