Поведена постапка за разбојништвото во гостиварското село Равен

Скопје, 30 Август 2019

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека во соизвршителство го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 18 август  оштетениот, 72-годишен жител на с.Равен ја поканил осомничената во својот дом. По неа за кратко време пристигнале нејзиниот син и невенчаниот сопруг. Тројцата осомничени  физички го нападнале оштетениот  и му одзеле пари и златен накит.

Заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар  достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот беше прифатен, по што судот на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

23 total views, 1 views today