Поведена постапка за трговија со дрога

Скопје, 03 Септември 2019

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице жител на село Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 24-годишен жител на Гостивар, на 31 август набавил и држел 6,58 грама наркотична дрога марихуана. При извршен личен претрес од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гостивар, наркотичната дрога била пронајдена и одземена.

Ценејќи дека се исполнети законските основи за определување мерка притвор за осомниченото лице, надлежниот обвинител достави Предлог  до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар . Судот го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

22 total views, 2 views today