Поднесено обвинение против скопјанец во чиј дом беше пронајдена марихуана

Скопје, 04 Септември 2019

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот 30-годишен жител на Скопје, на 07 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“, неовластено држел наркотична дрога – марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис, како и четири парчиња од искршена таблета со активна компонента „бупренорфин“. При претресот, од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на реална опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело кое му се става на товар.

 

17 total views, 1 views today