Притвор за лицето кое нападна полицаец во Слупчане

Скопје, 01 Октомври 2019

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 32-годишен жител на сeло Слупчане,  Липково, поради основано сомнение дека  извршил кривично дело  – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста   од член  383 став 2 во врска со став 1  од Кривичниот Законик.

Осомничениот на 29.09.2019 година со употреба на опасно орудие  нападнал службено лице-полицаец и при тоа телесно го повредил. Полицаецот бил во состав на мото патрола, упатена да го пронајде и приведе осомничениот во полициска станица. Во моментот кога службените лица го пронашле и презеле дејствија за приведување, осомничениот го нападнал полицискиот службеник  со метална шипка и му нанел повреда во пределот на стомакот.

Во насока на обезбедување услови за непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот обвинител достави предлог до Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор за осомничениот. Судот по спроведена постапка донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од  8  дена.

14 total views, 1 views today