Никола Вражалски

Никола Вражалски

vrazalskiРоден 1914 година во Кочани. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1940 година.

Бил член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани во 1944 година.

Во 1945 година бил именуван за Окружен јавен обвинител, а потоа и за Помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија.

Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на Народна Република Македонија од кочанска околија и член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година.

За јавен обвинител на Народна Република Македонија е именуван на 27.07.1946 година каде останува до 3.11.1948 година.

Починал во Скопје во 1997 година.