Јован Дуковски

7-243x300Роден e 1915 година во с. Галичник. Дипломирал на Правниот факултет во Белград 1939 година.

Во неговото богато работно искуство се вбројуваат следните работни задачи што ги извршувал Јавен обвинител во Јавното обвинителство за округ – Скопје (1946-1949), Јавен обвинител во Јавното обвинителство за област Гостивар (1950), Јавен обвинител во Јавното обвинителство во град и округ – Скопје (1951), претседател на Окружниот суд во Гостивар (1952), Јавен правобранител во Јавното правобранителство на Народна Република Македонија (1952-1954).

Функцијата Јавен обвинител на Народна Република Македонија ја извршува во периодот од 1954 -1960 година, по што е избран за судија на Врховниот суд на Народна Република Македонија (1960/3) и судија во Уставен суд на Македонија (1963-1971).

327 total views, 1 views today