Јордан Јордановски

Јордан Јордановски

jordanovskiРоден е 1925 година во Неготино. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1963 година.

Работел во Окружното јавно обвинителство во Штип (1950-1952), бил избран за Околиски јавен обвинител во Кавадарци (1952-1955), Заменик на Окружен јавен обвинител во Тетово (1955-1957), од 1967 година ја извршувал функцијата на Заменик на јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија.

За Јавен обвинител на Социјалистичка Република Македонија е именуван во 1975 година каде останува до 1984 година.