Стеван Павлески

pavleskiРоден е 1949 година во с.Долненци – Демир Хисар. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1972 година.

Во 1976 година е именуван за Заменик на општинскиот јавен обвинител во Скопје, а 1984 година за Заменик јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје. Бил Потсекретар на Службата за државна безбедност во Министерството за внатрешни работи. Во 1991 година е именуван за Заменик јавен обвинител во Окружното јавно обвинителство во Скопје.

Функцијата Јавен обвинител на Република Македонија ја извршува од 1996-1999 година. Денес работи како адвокат.

457 total views, 1 views today