СООПШТЕНИЈА

Се расчистува сообраќајната несреќа во која животот го загубија две лица

Скопје, 08 Декември 2018
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место каде синоќа се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија две лица. По дадени наредби од страна на надлежниот јавен обвинител обезбедени се и прибрани траги од лице место. Дадена е и наредба за вршење на сообраќајно техничко вештачење, како и за вршење на обдукција на починатите лица.
Според првичните сознанија до несреќата дошло откако патничко моторно возило марка Ауди А6 во кое како возач и совозач се наоѓале сега починатите, се обидело да претекне друго патничко моторно возило Голф со регистарски ознаки од Ресен. Движејќи се кон Битола, при обидот за претекнување, а поради неприлагодена брзина на движење на возилото, патничкото возило Ауди удрило во товарно моторно возило – цистерна Мерцедес кое се движело во сообраќајната лента од спротивната насока. Од силината на ударот, на лице место животот го загубиле возачот и совозачот на моторното возило Ауди, родени 1984 година и 1991 година, двајцата жители на с. Канатларци, прилепско.

9 total views, no views today

Донесена Нaредба за спроведување на истражна постапка за едно лице

Скопје, 04 Декември 2018

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вечерва донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за  едно лице.

Постои основано сомнение  дека лицето сторило кривично дело Здружување заради непријателска дејност од чл. 324 ст.1  од Кривичниот законик.

Надлежен обвинител до судија на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка притвор. Во моментов се очекува да започне сослушување на осомниченото лице.

Дополнување: Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

23 total views, no views today

Заврши увидот на местото на несреќата во Гостивар

Скопје, 03 Декември 2018

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на местото на несреќата во која едно лице им подлегна на повредите.

Несреќата се случила денеска околу 13 часот во Гостивар помеѓу ПМВ со кое управувал четириесет и осум годишен гостиварец и ТМВ со кое се пренесувале градежни материјали, управувано од педесет и осум годишен жител на Гостивар. Во моментот на разминување на двете возила, дошло до лизгање на арматурни шипки што не биле соодветно обезбедени, при што една од нив влегла низ прозорецот на автомобилот нанесувајќи му повреда во глава на сега починатото лице.

Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во Општата болница во Гостивар каде им подлегнал на повредите.

Јавниот обвинител нареди обезбедување на снимки од околните камери, сообраќајно техничко вештачење на возилата, прибирање траги од лице место, како и анализа на крв и урина на возачот. Воедно e издадена и Наредба за обдукција на телото на починатиот.

Возачот на ТМВ е задржан во ПС Гостивар.

Page 1 of 22912345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

1,015 total views, no views today

КОНКУРСИ