СООПШТЕНИЈА

Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на местото каде утринава се случи убиство и самоубиство

Скопје, 15 Февруари 2018

Утринава околу 3.30 часот, по семејна расправија, сега починатиот Б.Л. неколкупати со нож ја ранил својата сопруга Л.Л. Откако увидел дека жртвата покажува знаци на живот посегнал по чекан и со него и нанел неколку удари во главата со намера да ја усмрти. Сведок на насилството биле децата на брачниот пар, 26 годишната ќерка и 13 годишното момче кое веднаш побегнало и се засолнило кај соседи. Ќерката, по безуспешен обид да го спречи својот татко во кој и самата претрпела повреди, го пријавила случајот во полиција. Во тој момент, таткото се искачил на покривот од семејната куќа и од висина од околу 6 метри скокнал при што починал на лице место. По пристигнување на екипа на брза помош, констатирана е смрт кај двете лица.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место заедно со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи. Во насока на утврдување на фактите и расветлување на настанот, издадени се Наредби за прибирање и вештачење на траги од лице место, за анализа на крв и урина од починатите и за вршење на обдукција на телата на починатите.

39 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство Охрид врши увид на местото на пожарот во кој утринава почина едно лице

Скопје, 12 Февруари 2018

По пријава од сосед за пожар на булевар „Туристичка“ во Охрид, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид излезе на увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Опожарениот стан што се наоѓа на високо приземје во повеќекатница бил веднаш изгаснат од противпожарната служба, притоа е констатирано дека има починато лице – жена на возраст од седумдесет и една година која живеела сама во станот.

Во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, јавниот обвинител издаде Наредби за прибирање на траги од лице место врз кои претстои вештачење. Ангажирани се вешти лица за вештачење на електричната енергија во станот, како и екипи на крим техника. Основното јавно обвинителство Охрид издаде и Наредба за вршење на обдукција над телото на починатата.

36 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство Велес спроведува истражна постапка за полов напад над дете

Скопје, 06 Февруари 2018

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против педесет и пет годишен маж поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години од член 188 ст.1 од Кривичниот законик.

Според исказите на детето и неговата мајка, осомничениот во текот на 2017 година во неколку наврати искористувајќи исти прилики извршил полови дејствија врз осумгодишното дете. Осомничениот е сосед и во подалечна роднинска врска со оштетеното дете.

Ценејќи дека се работи за особени околности што укажуваат дека осомничениот ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоци и може да го повтори делото, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.

 

48 total views, 1 views today

Page 1 of 17412345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

671 total views, no views today

КОНКУРСИ