СООПШТЕНИЈА

Отворена истрага за изнуда во обид

Скопје, 12 Декември 2018

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Пријавениот во текот на месец ноември 2018 година упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“.

Притоа, осомничениот го искористил фактот што извесен период во текот на 2018 година работел како личен возач на нејзиниот сопруг и имал доста информации за животот на оштетената и нејзините блиски.

Осомниченото лице е лишено од слобода и ќе биде изведено пред судија на претходна постапка.

21 total views, no views today

Обвинителството вложи жалба против пресуда во предметот со штитеничката на Домот „Ранка Милановиќ’

Скопје, 12 Декември 2018

Незадоволен од висината на изречената казна на која се осудени обвинетите за Трговија со дете,  надлежниот јавен обвинител, по пристигнатата писмена пресуда, во законски рок поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје.

Имено, обвинителот прибра обемен доказен материјал со кој се докажа дека во период од почетокот на декември 2017 година до 06.02.2018 година детето било жртва на трговија со луѓе, извршена од страна на осудените лица. При тоа, во Кавадарци, Радовиш, Штип и с. Мислешево – струшко, првообвинетата М.Д. употребувала сила, сериозна закана и измама,  ја искористила немоќта на детето па долг временски период од користољубие го принудувала за пари да дава сексуални услуги на возрасни мажи. Осудената организирала брак и го присилувала детето да се омажи, дополнително ја експлоатирала жртвата и на друг начин. Кога дознала за бременоста на детето, осомничената го испратила да абортира во Скопје. Обвинетите Е.Ј. и С.Р. сексуално ја злоупотребувале оштетената, во неколку наврати свесно и со умисла го принудувале да ги задоволува нивните сексуални потреби, нанесувајќи му физички повреди кога давало отпор.

За стореното кривично дело, Основниот суд Скопје 1 Скопје донесе пресуда со која  трите лица се огласени за виновни за сторено кривично дело – Трговија со дете. Со првостепената пресуда обвинетата М.Д. е осудена на казна затвор во траење од 13 години, додека обвинетите Е.Ј. и С.Р. на казна затвор во траење од по 12 години.

Иако судот определи затворски казни за сторителите, надлежниот обвинител ценеше дека при определување на висината на казната судот ги преценил олеснителните околности, на сметка на отежителните. Во конкретниов случај, обвинителот согледувајќи ја севкупната состојба на детето, неговото нарушено здравје и нанесената психичка болка, ценеше дека казните по својата висина не се соодветни и не претставуваат адекватен општествен прекор упатен кон обвинетите. Од тука, имајќи ја предвид тежината и зачестеноста од ваков вид на кривични дела, а со цел да се исполнат целите на казнувањето, обвинителството ја достави Жалбата до повисокиот  Апелациски суд, со барање да ја преиначи пресудата и да определи повисоки затворски казни за обвинетите.

4 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Струмица побара притвор за осомничениот кој вчера изврши обљуба врз немоќно лице

Скопје, 12 Декември 2018

Искористувајќи го претходното познанство со жртвата, триесет и две годишниот осомничен, вчера во с. Муртино, струмичко,  околу 10.30 часот ја нападнал оштетената-лице со пречки во развојот и при тоа извршил обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот е веднаш лишен од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело Обљуба на немоќно лице од член 187 став 2 од Кривичниот законик. Едновремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со Решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена.

15 total views, no views today

Page 1 of 23212345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

1,020 total views, no views today

КОНКУРСИ