СООПШТЕНИЈА

Побаран притвор за осомничен од Охрид во чиј дом е пронајдена дрога

Скопје, 19 Јануари 2019

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека извршило кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 од Кривичниот законик. Покрај донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Охрид достави и предлог за определување на мерката притвор против осомничениот.

Сторителот, 35-годишен охриѓанец, неовластено набавил дрога марихуана и ја држел во својот дом во Охрид.  Во домот на осомничениот е извршен претрес при што е пронајден еден килограм дрога спакувана во одделни пакувања, како и опрема за мерење  – две дигитални ваги со остатоци од растителната материја.

12 total views, 3 views today

Основното јавно обвинителство Кочани го гони за убиство лицето кое вчера пукаше во угостителски објект

Скопје, 19 Јануари 2019

Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи синоќа го заврши увидот на лице место во угостителски објект во Кочани, каде вчера околу 17.00 часот едно лице беше рането со огнено оружје. Прибрани се траги од местото на настанот кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадени се наредби за прибирање податоци и земање исказ од очевидци, како и претрес на лица и објекти со цел утврдување на фактите во предметот.

Поради посотење на основано сомнение, надлежен јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторен квалификуван (потежок) облик на кривичното дело Убиство од член 123 став 2 точка 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Настанот се случил откако меѓу повеќе лица кои претходно заедно седеле на маса, започнала вербална расправија. Потоа осомничениот извадил пиштол и испукал проектил во едно лице при што му нанел прострелна рана на сега оштетениот. Во моментот на пукањето, во угостителскиот објект имало присутни и други лица кои осомничениот со преземеното дејствие ги довел во опасност, што дава посебна тежина на кривичното дело кое го сторил. По пукањето, а поради сериозноста на повредата, оштетениот придружуван од едно лице – сведок на настанот, бил упатен во Скопје каде му е дадена медицинска помош. Сведокот е потоа вратен во Кочани, каде по барање на јавниот обвинител а пред судија на претходна постапка даде исказ за кривично правниот настан.

По претходно преземена координирана акција, утринава уште три лица кои присуствувале на кривично правниот настан се лишени од слобода и со нив се превземаат дејствија за расчистување на настанот.  Во моментов сторителот е недостапен на органите на прогонот.

23 total views, 1 views today

Поднесен Обвинителен акт за обид за убиство во Батинци

Скопје, 18 Јануари 2019

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.

Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице.

Тројцата на 22.10.2018 година во с. Батинци со умисла се обиделе да лишат од живот едно лице. Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило БМВ 750 со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки – калашникови и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал.

Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за продолжување на оваа мерка.

18 total views, no views today

Page 1 of 25012345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

1,065 total views, no views today

КОНКУРСИ