СООПШТЕНИЈА

Коментар на Законот за кривична постапка

Скопје, 22 Јануари 2019

Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Прави“ работеа на првиот Коментар на Законот за кривичната постапка од 2010 година. Aнгажманот на авторите (Г.Калајџиев, Г.Лажетиќ, Л.Неделкова, М.Денковска, М.Тромбева, Т.Витларов, П.Јанкуловска, Д.Кадиев) е преточен во практична алатка која ќе помогне за воедначена примена на Законот.

Коментарот е првенствено наменет на практичарите, судиите и обвинителите, адвокатите и обвинетите, полициските службеници и сите други кои се занимаваат со казнената постапка, вклучително и новинарите. Текстот е корисно четиво и за сите кои допрва се обучуваат во вештините на казненото право, студентите по право и безбедност, постдипломци од различни области и докторанти. Целокупниот проект беше финансиски поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Коментарот на Законот за кривичната постапка може да се преземе тука.

6 total views, 6 views today

Жител на село Стојаково под истрага заради неовластено производство и пуштање во промет на марихуана

Скопје, 22 Јануари 2019

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 48-годишно лице од село Стојаково поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 година било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса. Пакувањата биле пронајдени  во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите. Претресот бил извршен од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гевгелија, по Наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

Ценејќи го фактот дека се исполнети законските основи, а имајќи ја предвид и висината на запретената казна за предметното кривично дело, фактот дека осомничениот повеќепати е осудуван за ист вид на кривични дела, како и можноста тој да влијае врз сведоци, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Предлогот е прифатен  и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

6 total views, 6 views today

Обвинителен акт против едно лице кај кое е најдена марихуана

Скопје, 21 Јануари 2019

Основното јавно обвинителство  Велес поднесе Обвинителен акт против едно лице на 27 годишна возраст од с. Селемли, Општина Богданци за кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.1 од Кривичниот законик.

По извршен претрес по Наредба на судија на претходна постапка од Основниот суд Гевгелија, на 23 мај годинава, во домот на бабата на обвинетиот,  во две неупотребливи машини за перење пронајдени се 4 најлонски кеси со наркотична дрога – марихуана. Во дворот на куќата обвинетиот чувал 24 млади исушени растенија од видот Cannabis сместени во пластични чаши и саксии.  Обвинителството утврди дека обвинетиот неовластено заради продажба држел дрога марихуана со вкупна тежина од 912,60 грама и 24 млади исушени стебла Cannabis  во висина од 8 см до 24 см, со што го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

8 total views, 1 views today

Page 1 of 25112345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

1,068 total views, no views today

КОНКУРСИ