СООПШТЕНИЈА

Поднесено обвинение за обид за изнуда

Скопје, 18 Март 2019

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против лице на кое му се става на товар дека сторило кривично дело – Изнуда, предвидено и казниво согласно член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Обвинетиот во текот на ноември  и декември 2018 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, упатувал сериозни закани преку телефон на оштетена, тврдејќи дека поседува документи со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг.

За да и ги достави тие документи, осомничениот од неа барал да му исплати сума од 150 илјади евра, а истовремено и се заканувал дека доколку пријави ќе постави бомба и дека „ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци“. Оштетената не му го исплатила бараниот износ и тој не успеал да ја реализира намерата.

За обвинетиот на сила се претходно определените мерки за претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

16 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство Велес ја расчистува сообраќајната несреќа во која загина мотоциклист

Скопје, 18 Март 2019

Вчера околу 16.40 часот на автопатот Гевгелија-Скопје на оддалеченост од 6,5 км. по мостот Виничани се случи сообраќајна незгода во која учествувало патничко моторно возило и двајца мотоциклисти. При движење во ист правец на автомобил-комбе Мерцедес Спринтер со швајцарска регистарска ознака управувано од лице на возраст од 74 години и два мотоцикли, во момент едниот мотоцикл со голема брзина го престигнал комбето. Веднаш потоа другиот мотоцикл се удрил во комбето од што возачот паднал на коловозот, бил исфрлен на просторот помеѓу банкините кои го раздвојуваат автопатот и починал на самото место.

Од страна на дежурниот јавен обвинител во содејство со увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Велес извршен е увид на местото на настанот. Притоа се фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата- комбето и мотоциклот. Издадена е и наредба за проверка на крв и урина кај возачот на комбето  и за  обдукција на починатото лице, кое било на возраст од 30 години. Во текот на вршењето на увидот земени се првични  изјави од возачот на комбето и од мотоциклистот кој бил учесник во сообраќајот истовремено со сега починатиот, а со кој заедно се движеле паралелно со патничкото моторно возило.

Основното јавно обвинителство Велес во континуитет презема и други дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот.

12 total views, 1 views today

Известување за постапувањето по поднесената кривична пријава од Министерството за труд и социјална политика

Скопје, 18 Март 2019

Основното јавно обвинителство Скопје интензивно постапува по кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика против непознат сторител за кривично дело  – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, а која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови.

Во текот на досегашната предистражна постапка преземени се повеќе дејствија, а свој исказ пред надлежниот јавен обвинител дадоа претставник – генералниот директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, претставник на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претставник – претседателот на Управниот одбор на КБ Првото пензиско друштво и претставник на САВА пензиското друштво. Во насока на утврдување на фактите, претстои испитување на претставник од Министерството за финансии.

Од страна на Министерството за труд и социјална политика до Основното јавно обвинителство Скопје дополнително беа доставени документи кои се однесуваат на вршењето на надзорот на Министерството врз работата на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. До овој момент, не се пристигнати побараните извештаи од Државниот завод за ревизија за извршените ревизии во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период.

Јавниот обвинител ќе одлучи доколку е неопходно да се преземат и други дејствија во текот на предистражната постапка. Од досегашните проверки, обвинителството утврди дека не е загрозено правото на пензија на осигурениците во Република Северна Македонија.

За потсетување, на 8 февруари годинава, надлежниот јавен обвинител кој постапува по поднесената кривична пријава, го испита и подносителот на пријавата, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

32 total views, 1 views today

Page 1 of 27512345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

1,133 total views, no views today

КОНКУРСИ