СООПШТЕНИЈА

Истрага за обид за убиство во Тетово

Скопје, 17 Јуни 2019

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Осомничениот на 13 јуни, пред сопствениот дом, се обидел да лиши од живот едно лице. Имено, оштетениот заедно со уште едно лице пристигнале пред домот на осомничениот и започнале вербална расправија со него. Осомничениот, кој најпрвин се наоѓал на балконот од куќата, излегол надвор и наеднаш му задал удар со нож на оштетениот во пределот на вратот, нанесувајќи му тешка повреда со конкретна опасност по животот. Тој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде му била констатирана повреда на повеќе крвни садови и на еден нерв во вратот.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судијата го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

12 total views, no views today

Наредба за истрага и предлог за притвор против едно лице за убиство

Скопје, 15 Јуни 2019

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице заради постоење на основано сомневање дека сторил едно кривично дело- Убиство од член 123 став 1 и едно кривично дело- Убиство во обид, предвидено и казниво по член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Во текот на вчерашниот ден, по вербална расправија и физичка пресметка на двајца братучеди во населбата Шуто Оризари, осомничениот со нож влегол во куќата на оштетните, со цел да го лиши од живот својот братучед. Удирајќи го со нож во пределот на градите и абдоменот му нанел две убодни рани. Со намера да ги раздвои, меѓу двајцата братучеди застанала сопругата на оштетениот при што осомничениот замавнал со ножот и и задал удар во пределот на срцето од кој удар кај оштетената настапила смрт.

Имајќи ги предвид видот и тежината на кривичните дела што се ставаат на товар на осомничениот, како и тешките последици од настанот во кој без никаква вина во својот дом, мајка на малолетни деца го изгуби својот живот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

15 total views, no views today

Двајца албански државјани осомничени за трговија со марихуана во Гостивар

Скопје, 13 Јуни 2019

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, државјани на Република Албанија за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет  на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените на 11 јуни се движеле со патничко моторно возило Фолксваген голф со регистарски ознаки од Република Албанија. При рутинска контрола од страна на полициски службеници возилото било сопрено, при што во багажниот дел бил пронајден ранец во кој имало најлонско пакување со опојна дрога марихуана во вкупна нето маса од 1,7 килограми. Осомничените ја внеле дрогата во Република Северна Македонија преку граничниот премин Блато – Дебар со намера да ја продадат на купувачи од Гостивар.

Поведувајќи постапка за стореното кривично дело, надлежен јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување мерка притвор против осомничените. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи притвор во времетраење од 30 дена.

16 total views, no views today

Page 1 of 31212345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

1,246 total views, no views today

КОНКУРСИ