Историски развој на јавното обвинителство во Република Северна Македонија

Зборот „Јавен обвинител“ (прокурор) за првпат во историјата официјално се споменува во црковниот документ – Ордонанса од 25 март 1303 година на Папата Инокентие III, каде јавниот обвинител е кралски застапник за гонење по службена должност на сторителите на кривичното дело – Клевета.

Јавното обвинителство (Ministere Public) како посебен државен орган за првпат се формира во француските судови по буржоаско – демократската револуција од 1789 година и службениците добиваат надлежност на државен орган кој го следи правилното извршување на законите и судските одлуки и пред судовите го застапува јавниот интерес. Со Законот за кривичната истрага на Франција од 1808 година, Јавното обвинителство добива задачи, функции и надлежности во кривичното гонење кои ги има и ден денес. Во текот на XIX век Јавниот обвинител како државен орган се воведува во сите држави во Европа.

Во Република Северна Македонија, сé до нејзиното осамостојување, развојот на јавното обвинителство и неговото функционирање било условено од потезите на заедничката држава во чии рамки се наоѓала.

 

 

3,235 total views, 16 views today