Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе жалба на Пресудата на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за сторено кривично дело – убиство со умисла на малолетно лице

Скопје, 03 Јуни 2015

Основниот суд Скопје 1 – Скопје  во март годинава донесе Пресуда со која на Џемаил Браими и неговата невенчана сопруга Јасмина Махмуд им беше изречена казна затвор во траење од по 20 години за сторено кривично дело – убиство со умисла на малолетно лице, со соизвршителство. Во исто време, до правосилноста на пресудата, по предлог на Основното јавно обвинителство – Скопје беа продолжени мерката Притвор на Џемаил Браими и мерките за претпазливост за обвинетата Јасмина Махмуд.

Обвинитетите во март минатата година брутално, на смрт претепаа тригодишно девојче за кое тврдеа дека паднало по скали. Но, доказите во истражната постапка и Извештајот од обдукцијата потврдија дека станува збор за убиство во кое двајцата обвинети се соизвршители, односно учествувале заедно во делото и се обиделе да го прикријат.

Обвинителството незадоволно од Пресудата поднесе жалба сметајќи дека изречената казна е недоволна за вакво кривично дело дотолку повеќе што во случајот доминираат отежнителните околности, бидејќи се посегнува по живот на тригоди%D

115 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против тринаесет лица во предметот Јустиција

Скопје, 01 Јуни 2015

Денеска надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје по завршување на истражната постапка во предметот Јустиција, поднесе обвинителен предлог против тринаесет обвинети лица, од кои четири обвинети лица –  судии и девет лица – судски службеници, за кривично дело Несовесно работење во службата од член 353-в став 1 в.в. член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетите се товарат за дела кои ги сториле во текот на 2010 година, па се до 2013 година како службени лица – судии и како службени лица – судски службеници, сите вработени во Основен суд Скопје 1 Скопје во Одделот за прекршоци. Имено, со умисла извршиле повеќе временски поврзани кривични дела што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, прибавиле корист за странките – пријавени во прекршочните постапки при тоа дозволувајќи да застари нивното гонење за сторен прекршок.

Обвинетите како судии одлучувале по предмети формирани по поднесени Барања за прекршочна постапка, па по одржан претрес носеле осудителни пресуди во кои се изречени глоби и судски трошоци, при тоа не почитувајќи го законскиот рок за изготвување на пресудите. По изминат подолг период ги верифицирале пресудите и ги предавале во судската писарница, непосредно пред или по настапениот рок за застареност на гонење, со што дозволиле повеќе да не може да се поведе прекршочна постапка. При тоа не изготвувaле формално решение со кое би го известиле подносителот за застареноста и предметите не биле архивирани  како застарени. Воедно, во месечните извештаи доставувани до Судскиот совет предметите ги евидентирале како пресудени и со казниви пресуди.

Обвинетите судски службеници со знаење на судијата пресудените предмети ги застарувале при експедиција или при чекање достава, така што биле изготвувани фиктивни покани за закажани рочишта, кои не ги доставувале до странките во предметот. Имено, во ниедна книга за евиденција нема пронајдено прием за фиктивната достава во доставната служба, а по вратена неуредна достава на пресудата, без писмена наредба на судијата, одлучувале за нејзина повторна достава.

Во предметот Јустиција беа опфатени вкупно 25 обвинети лица, од кои 14 судии и 11 судски службеници. За 5 лица е донесена наредба за запирање на истражната постапка, бидејќи утврдено е дека во нивните дејствија нема елементи на кривично дело, со 7 осомничени лица се склучени спогодби за кривична санкција, кои се верификувани од судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје.

117 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Кавадарци ја истражува сообраќајната несреќа на магистралниот пат Градско – Прилеп во која едно лице го загуби животот

Скопје, 01 Јуни 2015

Сообраќајната незгода е случена на 31 мај 2015 година, околу 22:50 часот на Магистралниот пат А1, делница Градско –Прилеп, раскрскица кај с. Сирково, непосредно пред Бензиска пумпа Црна река Петрол.

Се работи за возило марка БМВ 320 кое според првични сознанија било управувано од сега починатото лице, родено 1993 година. Во возилото, покрај возачот имало уште двајца сопатници.

Надлежен јавен обвинител го изврши Увидот во присуство на полициски службеници на ПС ОН Кавадарци и крим техника од ПС ОН Неготино. Беше извршено мерење, скицирање, фотографирање и беа подигнати траги од местото на настанот. Јавниот обвинител даде наредба да се прибави крв од сите тројца учесници заради понатамошни анализи за присуство на алкохол во крвта.

Надлежниот обвинител издаде и наредба за  да се обезбди ЦД снимка од видео надзор од бензинската станица во близина на местото на несреќата и наредба возилото да се однесе на технички преглед.

Истрагата продолжува во насока на расветлување на причините за сообраќајната несреќа

146 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Гостивар ги истражува околностите во врска со пронајдениот машки труп близу Чегране

Скопје, 29 Мај 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место во месноста викана Старо Чајле, во близина на с. Чегране, каде беше пронајден машки труп. Имено, вчера во 17.00 часот од случаен минувач е пронајдено починато лице во водите на реката Вардар.

Првичните сознанија укажуваат дека починатото лице, родено 1929 година, предходно било пријавено како исчезнато.

Надлежен обвинител издаде Наредба за вршење на обдукција со цел утврдување на причините за настанатата смрт.

Истрагата е во тек.

118 total views, no views today

Постапка против двајца разбојници кои оштетиле лица во Прилеп

Скопје, 27 Мај 2015

По доставената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи – ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца осомничени за продолжено кривично дело Разбојништво од чл.237 ст.1 во врска со чл.45 и во врска со чл.22 од Кривичниот законик.

Истражната постапка ќе се спроведува поради постоење основано сомнение дека во временскиот период од 29.04.2015 до 26.05.2015 година по претходен меѓусебен договор, со намера противправно да присвојат туѓи подвижни предмети, со употреба на сила од оштетените седум лица, сите од Прилеп, одзеле подвижни предмети. Имено, осомничените најчесто при пресретнување на оштетените со употреба на сила им одземале подвижни ствари, ташни, златен накит, мобилни телефони и сл. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничените.

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот од надлежниот обвинител и на осомничените со Решение им определи притвор во траење до 30 дена почнувајќи од 26.05.2015.

123 total views, no views today

Основниот јавен обвинител во Велес во соработка со увидна екипа од СВР Велес изврши увид на местото на сообраќајната несреќа на автопатот Градско -Велес

Скопје, 27 Мај 2015

Вчера во доцните попладневни часови, на околу 300 м. пред наплатната станица – Градско се случи двојна сообраќајна незгода во која две лица го изгубија животот.

До несреќата дошло кога товарно моторно возило сопственост на ЈП Македонска пошта удрило во товарното моторно возило кое стоело од левата страна на автопатот, при што истото го оштетило. Лицата кои ги управувале товарните возила поставиле сигнализација со цел да укажат за случената незгода. Набргу зад нив налетал патнички автомобил марка „Мазда” со скопски регистарски таблички кој најнапред удрил во возилото на ЈП Македонска пошта и продолжил да се движи понатаму извртувајќи се на средната лента од коловозот.

Од силината на ударот целата десна страна од патничкиот автомобил била уништена и распадната на делови. Како последица од ударот сопатниците во патничкиот автомобил – жена(34) и дете (4) починале на самото место на настанот.

По Наредба на надлежниот јавен обвинител сите три возила се упатени на технички преглед, а од лицата кои ги управувале се земени крв и урина заради проверка на евентуално присуство на алкохол, преземени се сите дејствија на обезбедување на трагите од кои ќе се утврдат причините за несреќата. Основното јавно обвинителство – Велес ќе преземе и дополнителни дејствија заради утврдување на причините за несреќата.​

116 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Казнен налог против четири лица вработени во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи заради Несовесно работење во службата

Скопје, 19 Мај 2015

Обвинетите во својство на службени лица, вработени во Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи Кавадарци, во временскиот период од  14. 08. 2014 година до 07.10.2014 година, очигледно несовесно постапиле при вршење на дискреционите овластувања и сториле  повреда на прописи од Законот за семејство.

Имено, обвинетите лица примиле пријава од оштетеното лице за семејно насилство извршено врз неа и нејзините малолетни деца од брачниот другар, сега обвинето лице за сторено тројно убиство. Во исто време, обвинетите од оштетената примиле и Барање со предлог за изрекување привремена мерка за заштита од семејно насилство  и тоа: да не ја вознемирува, физички да не и се заканува, телефонски да не ја малтретира и да му се забрани приближување.

Секој од сега обвинетите, во рамки на своите овластувања, не изготвил индивидуален план за работа, не водел листа за следење на работата, не извршиле посета во семејството, не составиле поединечен наод и мислење за процена на ризик со предлог заклучоци. Обвинетите како членови на стручен тим на одржана седница донеле заклучок да не се постапува по пријавата на оштетената поради што и не поднеле барање до судот за изрекување на бараните привремени мерки.

Со ваквото непостапување од страна на обвинетите, на оштетената и е нанесена штета, со тоа што пријавениот на 09.11.2014 година ја остварил заканата со извршување на убиство на членови од семејството на оштетената.

Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци по спроведување на истражна постапка, по разгледување и анализа на сите докази во предметот, до Основниот суд Кавадарци поднесе Казнен налог против четири лица  за Несовесно работење во службата, со што предложи на судот да ги огласи обвинетите за виновни и да им изрече казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку во рок од една година обвинетите не сторат ново кривично дело.

132 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена против едно лице за сообраќајната несреќа на Рузвелтова

Скопје, 19 Мај 2015

По прибирање на сите материјални докази и факти и по исцрпно разгледување и анализа, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе јавнообвинителска одлука – Решение за отфрлање на кривичната пријава.

Имено за предметната сообраќајна незгода случена на ул. Рузвелтова, при што едно лице го загуби животот, од страна на Министерството за внатрешни работи беше доставена кривична пријава против едно лице за сторено кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Во текот на постапката од страна на одбраната беа доставени две вештачења, согласно кои кај осомничената не постои вина за настанување на незгодата. Со цел правилно утврдување на фактичката состојба, од страна на Основното јавно обвинителство Скопје со наредба е наложено ново вештачење, согласно кое возачот не направил пропусти, а пешакот е тој кој има направено пропусти кои се причинско последично поврзани со настанување на незгодата. Од страна на оштетените – законски застапници на сега починатото лице, доставено беше вештачење кое по наодот и мислењето се разликуваше од другите вештачења.

Со цел разјаснување на контрадикторностите, а во насока на утврдување на фактите во предметот, надлежниот јавен обвинител издаде уште една наредба за вештачење, по што списите од предметот беа доставени до Бирото за судски вештачења на тим од вешти лица од областа на сообраќајот.

Согласно вештиот наод и мислење на тимот од вешти лица при Бирото за судски вештачења произлегува дека возачот во конкретната ситуација реагирал соодветно на дадената ситуација. Имено, во околностите кои се создале со неправилното и невнимателно преминување на пешакот преку коловозот надвор од пешачки премин, возачот немал техничка можност да ја избегне незгодата. Тимот од вешти лица констатира дека опасната ситуација ја создал пешакот, а возачот немал никаква техничка можност за избегнување на незгодата.

Со добиеното вешташење од тимот вешти лица од Бирото за судски вештачења се потврдија наодите од предходните вештачења, со што јавниот обвинител не поклони верба на заклучоците дадени во вештиот наод и мислење доставен од оштетените, бидејќи истите се спротивни со заклучоците на сите останати вешти лица.

Со оглед на фактот дека возачот – осомниченото лице во целост постапило согласно сообраќајните правила и прописи, јавниот обвинител утврди дека во дејствијата на осомниченото лице нема елементи на кривично дело што се гони по службена должност.

132 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Битола ја истражува причината за сообраќајната несреќа кај Демир Хисар

Скопје, 19 Мај 2015

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место за случената сообраќајна несреќа во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излетал од патот.

Надлежниот обвинител ги презема сите потребни дејствија за расветлување на настанот. Прибрани се материјални докази и траги од местото, извршено е скицирање и фотографирање, издадени се натамошни Наредби за вршење на потребни вештачења со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа.

Во несреќата девет лица се здобија со телесни повреди, а едно лице – возач на автобусот со тешки телесни повреди.

 

125 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителни предлози против 12 лица за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие

Скопје, 14 Мај 2015

По прибирање на сите докази и факти во предметот, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог во Основниот суд Скопје 1 Скопје, против четворица обвинети за сторено кривично дело за време на протестите пред Владата на Република Македонија. Истовремено, надлежниот обвинител за сторителите на кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, побара и продолжување на мерката притвор за тројца од нив, додека пак за еден од обвинетите предложи замена на мерката притвор со мерка за претпазливост. Судот го прифати предлогот на надлежниот јавен обвинител.

Денеска е поднесен и Обвинителен предлог за втората група учесници во протестите. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје обвини осум лица за сторено кривично дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие. Ценејќи дека се исполнети законските основи, за седум обвинети е поднесен и предлог за продолжување на мерката притвор, а за еден обвинет  продолжување на мерката куќен притвор.

 

140 total views, no views today

Page 31 of 46« First...1020...2930313233...40...Last »