Поднесено обвинение за семејно насилство во Неготино

Скопје, 21 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 18 години во Неготино поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело Загрозување на сигурноста на неговите родители.

Имено, обвинетиот на 19 јануари се довел во состојба на раздразнетост и вознемиреност со користење на метадон, по што извадил нож со сечиво од 20 сантиметри и на сопствените мајка и татко, со кои живеел заедно, им се заканил дека ќе ги убие.

Обвинетиот подолг период вршел семејно насилство врз своите родители и бил долгогодишен зависник од наркотични средства. Извесен период во 2013 година престојувал и на Клиниката за психијатрија во Скопје, а од стручниот тим на Центарот за социјални работи бил оценет како опасна личност, на кој е потребно да му се изрече мерка Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани.

Заради сите овие причини, надлежното обвинителство му предложи на Основниот суд во Неготино за обвинетиот да определи и мерка притвор, а побара и да се изврши претрес во неговиот дом поради основано сомнение дека крие психотропни супстанции кои ги употребува и ги продава.

186 total views, no views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Жалба на Решението за условниот отпуст на Вранишковски

Скопје, 19 Јануари 2015

На 12 јануари 2015 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го прими Решението на Основниот суд Скопје со кое судот одлучи да го уважи предлогот на Директорот  на КПУ Идризово за условен отпуст на осудениот Вранишковски.

Таквото решение беше предмет на  целосна анализа на околностите и оцена во надлежното обвинителство и при тоа се утврди дека истотото е законито. Со ваквата своја оцена ја запозна и македонската јавност, но истовремено не се откажа од правото на Жалба.

Обвинителството смета дека треба да се преиспитаат околностите за условен отпуст на осуденото лице, како и дали ќе се постигнат целите на условниот отпуст . Истовремено обвинителството ги ценеше околностите кон овој кривично правен предмет и вообичаената досегашна пракса за должината на отпустот.

Воедно смета дека се променети околностите кои укажуваат дека осудениот може во иднина да врши кривични дела и со тоа нема да ја оправда довербата која му е дадена со условниот отпуст, па затоа во законскиот рок се поднесе жалба против решението на судот, а која жалба ќе се цени во повисокиот суд.

251 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Tетово поведе постапка против едно лице за обид за убиство

Скопје, 16 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство Tетово донесе Наредба за поведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство (во обид).

Имено, на 15 јануари годинава, осомничениот по вербална расправија, при вршење семејно насилство, со умисла се обидел да го лиши од живот неговиот брат. Осомничениот со нож два пати го ранил оштетениот во градниот кош и стомакот, притоа расекувајќи му го желудникот. По нанесената тешка телесна повреда, оштетениот бил пренесен во болница.

Надлежниот обвинител поднесе и Предлог до судијата на предходна постапка од Основниот суд Тетово, за определување на мерка Притвор против осомничениот. Прифаќајќи го предлогот, судијата со решение определи Притвор во времетраење од 30 дена

144 total views, no views today

Поведена е постапка против убиец на едно лице во неготинско Пепелиште

Скопје, 14 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство – Велес, по спроведена истражна постапка во која се собрани сите докази, одлучи да поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Убиство.

Обвинетиот се товари дека на 21.08.2014 година со умисла и од користољубие лишил од живот едно 86-годишно лице на православните гробишта во с.Пепелиште, општина Неготино.

Имено, обвинетиот,  сметајќи дека сега покојниот не му исплатил пари за извршена услуга, се приближил до него и со метален ашов со дрвена рачка неколкупати го удрил во пределот на главата и во десната страна на градниот кош.

Од ударите, оштетениот се здобил со повеќе повреди кои довеле до смртен исход. Потоа обвинетиот од левиот џеб на кошулата на покојникот извадил и одзел пари во износ од 1000 денари и си заминал.

Надлежниот обвинител до Основниот суд во Велес поднел и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на истиот доколку не се брани од слобода.

144 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против лицата кои со моторна пила се обидоа да убијат едно лице

Скопје, 14 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство Велес по спроведена истрага поднесе до Основниот суд Велес Обвинителен акт против две лица од Кавадарци, за кривично дело Убиство (во обид).

Делото го извршиле во домот на еден од обвинетите на ден 14.07.2014 година околу 19.30 часот, кога се обиделе  да го лишат од живот оштетениот поради нерасчистени должничко доверителски односи.

Обвинетите го повикале оштетениот  да дојде во домот на еден од обвинетите, по што со моторна пила која била ставена во погон се упатиле кон оштетениот велејќи му дека ќе го убијат,  при што му нанеле телесни повреди во пределот на десната рака. Оштетениот успеал да ја фати моторната пила, да ги оттурне обвинетите за да избега упатувајќи се кон вратата. Спречувајќи го во намерата да побегне, обвинетите го нападнале и со вилушка, па при тоа му нанеле убодна рана во левото рамо.  За среќа оштетениот успеал да избега, па обвинетите не ја довршиле намерата.

Надлежниот обвинител достави и Предлог за продолжување на мерката Притвор спрема еден од обвинетите поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство на истиот доколку се брани од слобода.

131 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Скопје нареди истрага против вработени во Управата за животна средина

Скопје, 14 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство – Скопје, постапувајќи по кривична пријава на Одделението за сузбивање организиран криминал во МВР, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 7 лица, поради постоење основано сомневање дека извршиле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Првообвинетиот како поттикнувач, а останатите како соизвршители се товарат дека сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи истите во временски период од 2009 година до 2013 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос и прилики.

Првообвинетиот управител на правното лице, со умисла ги поттикнал останатите обвинети, како службени лица вработени во Управа за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, да ја искористат својата службена положба и овластување и да му прибават на правното лице  значителна имотна корист во вкупен износ од 626.758.506,00 денари, во постапките за добивање дозволи за складирање, третман и/или преработка на отпад и дозвола за оператор на депонија, иако не ги исполнувал потребните услови,

Имено, првообвинетиот на 24.09.2009 година до Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ поднесол барање за добивање на дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад во кое внесол лажни податоци и не приложил комплетна документација, со што ги навел второобвинетиот,  шестообвинетиот и седмообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист на начин што постапувајќи по барањето го прифатиле како уредно и покрај тоа што не била доставена  целосна законски предвидената документација согласно чл.32 од Закон за управување со отпадот и чл.3 од Правнилникот за формата и содржината на барањето за добивање дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад и без да извршат инспекциски надзор со државен инспектор за животна средина согласно чл.3-а ст.1 и ст.2 од Правнилникот за формата и содржината на барањето за добивање дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад, петтообвинетиот изготвил, второобвинетиот проверил, седмообвинетиот одобрил, а шестообвинетиот го потпишал позитивното мислење, врз основа на кое Министерството за животна средина и просторно планирање на правното лице му издало дозвола за вршење на дејност складирање и третман и/или преработка на отпад.

Исто така првообвинетиот на 03.12.2010 година до Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ поднесол барање за добивање на дозвола за оператор на депонија во кое внесол лажни податоци и приложил документација од правното лице, со што ги навел второобвинетиот, третообвинетата, петтообвинетиот и шестообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист на начин што постапувајќи по барањето го прифатиле како уредно и покрај тоа што не била доставена  целосна законски предвидената документација согласно чл.3 од Правилникот за формата и содржината на барањето за добивање на дозвола за оператор на депонија, второобвинетиот изготвил, третообвинетата одобрила, а шестообвинетиот потпишал позитивно мислење, врз основа на кое било изготвено решение за издавање дозвола оператор на депонија и Министерството за животна средина и просторно планирање на правното лице му издало дозвола за вршење на дејност оператор на депонија

Воедно, во постапката за издавање дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање првообвинетиот со умисла ги навел второобвинетиот, третообвинетата, четвртообвинетиот и петтообвинетиот да ја искористат својата службена положба и овластување со намера правното лице да прибави значителна имотна корист на начин што првообвинетиот на 14.12.2012 година поднесол барање за добивање на дозвола за складирање, третман и/или преработка на отпад, и во таа постапката петтообвинетиот и второобвинетиот извршиле инспекциски надзор без да присуствува државен инспектор за животна средина и составиле записник, спротивно на чл.3 –а ст.1 и ст.2 од правилникот за формата и содржината на дозволата какои и минималните технички услови за вршење на дејноста преработка, третман и/или складирање на отпад,  па врз основа на записникот и приложената документација кон барањето, петтообвинетиот подготвил, второобвинетиот одобрил, третообвинетата била согласна, а четвртообвинетиот  потпишал позитивно мислење, врз основа на кое Министерството за животна средина и просторно планирање на правното лице му издало дозвола за вршење на дејност складирање и третман на отпад.

            Основното јавно обвинителство, откако ги сослуша осомничените лица, на 13.01.2015 година до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе предлог за изрекување мерка притвор за прво и второ осомничените, како и предлог за изрекување мерки за претпазливост за тројца од другите осомничени и тоа забрана за напуштање на живеалиште или престојувалиште, обврска за повремено јавување кај службено лице во судот и одземање на патните исправи, додека за двајца од овие тројца осомничени предложена е и мерката забрана за преземање одредени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Воедно до судот е доставен и предлог за привремено одземање на имот и предмети заради обезбедување.

            Во тек е и преэемањето на истражните дејствија по овој предмет.

140 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Велес поднесе обвинение против едно лице за сторено Убиство

Скопје, 13 Јануари 2015
Основното јавно обвинителство – Велес по завршување на истражната постапка и прибирање на сите докази во предметот, поднесе Обвинителен акт против лицето кое  во дворот на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес на 17.07.2014 година со умисла лиши од живот  90-годишно лице.
Кривичното дело – Убиство за кое се товари обвинетиот е извршено со нанесување на тешки телесни повреди со неколку удари со камен во пределот на главата на жртвата.
Од здобиените повреди, оштетениот на лице место починал, по што обвинетиот од предниот лев џеб му ги одзел и парите што 90-годишникот ги имал со себе, во вкупен износ од 50 денари.
Надлежниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор  против обвинетиот  до Основниот суд во Велес, сметајќи дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на обвинетото лице доколку му се дозволи да се брани од слобода.

128 total views, no views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови за примена на условен отпуст за Вранишковски

Скопје, 12 Јануари 2015

Осудениот Јован Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна  од пет гонини и пет месеци. Досега издржал вкупно 36 месеци затвор, што значи дека издржал половина од затворската казна на која што е правосилно осуден. За време на издржувањето се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред  во затворот, при што ги извршувал и работните обврски.

 Воедно од осудениот со правосилна пресуда конфискувана е во корист на оштетената Македонска Православна Црква непосредната и посредната имотна корист која била прибавена со кривичното дело на осудениот. И тоа конфискувани му се вкупно 4 940 400 денари, а од друга страна во корист на оштетената Македонска Православна Црква конфискуван е и недвижен имот – земјиште во м.в. Голема нива, запишано во имотен лист  во К.П Нерези со површина од вкупно 4859 м2.

Имајќи во предвид дека осудениот издржал повеќе од половина од затворската казна на која е правосилно осуден, а штетата која била причинета со дејството на Јован Вранишковски за која е правосилно осуден е надоместена , Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција смета дека се исполнети законските услови спрема осудениот Јован Вранишковски да се примени институтот Условен отпуст.

 

171 total views, no views today

Осомничениот за смртта на жената кај детска клиника се гони за Убиство на бремена жена

Скопје, 10 Јануари 2015

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Убиство, со квалификаторен облик на убиство на бремена жена.

Надлежниот обвинител ги презеде сите почетни мерки за прибирање на докази и релевантни факти во насока на расветлување на случајот. При тоа, сослушано е едно лице и дадена е наредба за вршење на обдукција.

 Досегашните сознанија потврдуваат дека жртвата не е почината од пад од височина. Убиството осомничениот го извршил на тарасата на кровот на седмиот кат на Детската клиника во Скопје, каде е и најдено безживотното тело на сега починатото лице. Се очекува пристигнувањето на Извештајот од извршената обдукција од страна на Судска медицина, според кој ќе се утврдат и причините за настапување на смртта.

 Согласно законските прописи, а сметајќи дека се исполнети условите, јавниот обвинител до судија на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка Притвор против осомничениот .

 

112 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка за лицето кое одземаше златен накит

Скопје, 10 Јануари 2015

Дваесет е седумгодишниот осомничен во изминатиот месец на седум жени со употреба на сила им одзеде златни обетки и друг накит. Пресретнувајќи ги на улица, со закани, влевање страв и употреба на сила на оштетените им го одземал златото што во моментот го имале кај себе.

Надлежниот обвинител против осомничениот поведе постапка за сторено продолжено кривично дело Разбојништво. Воедно на судијата на предходна постапка од Основниот суд Прилеп предложи против осомничениот да биде донесена мерка Притвор.

Предлогот согласно законските одредби беше прифатен од страна на судијата , па со Решение на осомниченото лице му е определен Притвор во времетраење од 30 дена.

124 total views, no views today

Page 41 of 49« First...102030...3940414243...Last »