Соопштение

Скопје, 14 Мај 2014

По сообраќајната несреќа што се случи на патот Велес – Штип, кај местото Сарамзалино, во која се судрија автобус на Струмица Експрес и патнички воз, Основното јавно обвинителство – Штип во текот на вчерашниот ден изврши увид на лице место и ги презеде потребните истражни дејствија.

Прочитај повеќе…

191 total views, 1 views today

Соопштение

Скопје, 14 Мај 2014

Денес до Основниот суд Скопје I – Скопје, Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен предлог против лицето Д.С, обвинето за сторено кривично дело – награда за противзаконско влијание од член 359 од Кривичниот законик на Република Македонија. Воедно, Основното јавно обвинителство – Скопје поднeсе и Предлог за продолжување на мерката притвор.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

184 total views, no views today

Соопштение за јавноста

Скопје, 07 Мај 2014

Во текот на вчерашниот ден, 06.05.2014 година, од страна на Министерството за внатрешни работи е лишено од слобода едно лице заради основано сомнение дека сторило кривично дело – Противзаконито посредување од чл.359 од Кривичниот законик. Постапувајќи согласно законот Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

Основното јавно обвинителство во Скопје, согласно своите законски овластувања започна постапка, а до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор. Постапката е во тек.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

177 total views, no views today

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

427 total views, 1 views today

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Скопје, 20 Март 2014

СВР Скопје, по претходно преземени дејствија во координација со Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, документираше дека тројца полициски службеници и тоа еден началник на одделение, еден главен инспектор раководител на отсек и еден самостоен инспектор извршиле кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 од Кривичниот законик, за што до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава.

Основното јавно обвинителство Скопје по поднесената кривична пријава донесе Наредба за спроведување истражна постапка против тројцата осомничени за кривично дело – Примање поткуп од чл. 357 од Кривичниот законик, а до судијата на претходна постапка ќе поднесе предлог за определување мерка притвор.

Истрагата е во тек.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

196 total views, no views today

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Скопје, 27 Февруари 2014

Основното јавно обвинителство – Скопје, по спроведена претходна постапка, а во врска со пријавата дека од Музејот на Македонија биле украдени 162 археолошки предмети, на ден 27.02.2014 година, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка

Прочитај повеќе…

245 total views, 1 views today

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Скопје, 17 Декември 2013

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја известува јавноста дека по спроведената истрага, за предметот познат во јавноста под името “Шпион”, на 17.12.2013 година поднесе Обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор и куќен притвор против 19 лица обвинети за кривични дела Злосторничко здружување од чл. 394 ст.1 од КЗ; Шпионажа од чл. 316 ст.3 од КЗ; Прикривање од чл. 261 ст.3 од КЗ; Измама од чл. 247 ст.3; Послужување  во службата од чл. 356 од КЗ;  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл. 396 ст.2 од КЗ; Злоупотреба на државна службена или воена тајна 360-а ст.2 од КЗ; Оддавање државна тајна од чл. 317 ст.2 од КЗ; Уцена од чл. 259 ст.2 од КЗ; Изнуда од чл. 258 ст.2 од КЗ. Обвинетите наведените кривични дела ги вршеле во подолг временски период почнувајќи од 2009 година па се до 2012 година.

  Прочитај повеќе…

271 total views, 1 views today

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Скопје, 27 Февруари 2013

Јавното обвинителство на Република Македонија ја известува јавноста дека постапувајќи  по поднесената Кривична пријава од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до надлежниот истражен судија при Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд  Скопје I – Скопје, поднесе Барање за спроведување истрага против  лицата С.Т. Јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во Битола и Н.Х. вработен во истото обвинителство за кривично дело – Противзаконито посредување по чл. 359 ст.7 во врска со ст.2 и 3  од Кривичниот законик, со тоа што вршел влијание во повеќе предмети кои се во постапка заради добивање на противправна имотна корист, во што му помагало лицето Н.Х.

Прочитај повеќе…

215 total views, 1 views today

Page 46 of 46« First...102030...4243444546