Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување на истрага и поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор против лица осомничени за кривично дело – Измама

Скопје, 25 Септември 2014

Основното јавно обвинителство Скопје постапува по кривична пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција на ден 25.09.2014 година, против пет лица осомничени за сторено кривично дело – Измама.

Прочитај повеќе…

276 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Битола ја води истрагата за кривичниот настан во кој при лов едно лице го изгуби животот и едно беше повредено

Скопје, 19 Септември 2014

Основното јавно обвинителство – Битола даде наредба за вршење на увид на лице место за кривичниот настан кој се случи на ден 16.09.2014 година во атарот на с. Мренога, каде едно лице со употреба на ловечка пушка лиши од живот едно, а повреди друго лице. Од страна на полицијата и КРИМ – техника е извршено скицирање и фотографирање на местото. Едновремено се обезбедени и потребните докази.

Постапувајќи по наредбите, СВР Битола поднесе кривична пријава против едно лице за сторени кривични дела – Убиство од небрежност, Тешка телесна повреда и Незаконит лов. За другите две лица кои учествувале во настанот поднесена е пријава за сторено кривично дело – Незаконит лов.

Основното јавно обвинителство – Битола продолжува со истражната постапка во која ќе бидат прибрани сите материјални докази и факти за кривичниот предмет, врз основа на кој ќе биде донесена одлука.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

255 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Прилеп донесе Наредба за спроведување истрага за едно правно и едно физичко лице за сторено продолжено кривично дело – Даночно затајување, Измама и Фалсификување исправа

Скопје, 19 Септември 2014

 

Основното јавно обвинителство – Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно правно лице и одговорното лице во правното лице, поради основано сомнение дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување, продолжено кривично дело Измама и продолжено кривично дело Фалсификување исправа, сите од Кривичниот законик на Република Македонија.

Прочитај повеќе…

389 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство – Кочани предложи мерка – Притвор за жената која го уби сопругот во с. Спанчево

Скопје, 19 Септември 2014

Основното јавно обвинителство – Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело – Убиство. Воедно, до судијата на предходна постапка во Основниот суд Кочани, обвинителството поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор, сметајќи дека се исполнети условите од Законот за кривична постапка.

Осомничената на ден 17 септември 2014 година со умисла, на свиреп начин, го лишила од живот нејзиниот брачен другар. Во извршување на кривичното дело осомничената употребила метална шипка со која на оштетениот му нанела тешки телесни повреди, по што со раце го задушила и лишила од живот.

Надлежното обвинителство ја продолжува истражната постапка во насока на утврдување на сите факти, докази и околности во кривичниот настан, по што ќе донесе соодветна одлука.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

251 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Велес поведе постапка против четири лица за сторени кривични дела – Противправно лишување од слобода и Разбојништво

Скопје, 18 Септември 2014

Основното јавно обвинителство – Велес постапувајќи по кривична пријава поднесена од СВР Велес, донесе Наредба за спроведување на истрага против четири лица, осомничени за кривични дела Противправно лишување од слобода и Разбојништво.

Имено на ден 16.09.2014 година, осомничените со употреба на опасно орудие – срп, коса и вила, сериозно заканувајќи се дека ќе го нападнат животот и телото, им ја одзеле слободата на движење на четири лица – сите државјани на Сирија. Осомничените потоа од оштетените одзеле подвижни предмети – пари и мобилни телефони со намера истите противправно да ги присвојат.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети условите од Законот за кривична постапка, до судијата на предходна постапка поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор против осомничените.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

278 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје продолжува со истрагата против осомничените за кражба во банка

Скопје, 18 Септември 2014

На ден 13.09.2014 година, од страна на  Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје, Организациони единици за криминалистички работи, Единицата за економски и компјутерски криминал, до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесена е кривична пријава против три лица за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

Прочитај повеќе…

278 total views, 2 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје предложи мерки на претпазливост за осомничениот за сообраќајната несреќа на автопатот Велес – Скопје

Скопје, 17 Септември 2014

Основното јавно обвинителство Скопје превзема активности во предметот за сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Велес – Скопје, кога управувач на патничко возило возејќи во спротивна насока предизвика сообраќајна несреќа.

Обвинителството до надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје предложи определување мерки на претпазливост. По предлогот, судот ги определи мерките за претпазливост: одземање на пасошот на осомничениот и друга исправа за поминување на државната граница, обврска на осомниченото лице да се јавува еднаш неделно во судот и забрана за напуштање на престојувалиштето.

Јавното обвинителство продолжува со предистражната постапка во која ќе се соберат сите релевантни докази за настанатата сообраќајна несреќа, по што ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

315 total views, 1 views today

Oсновното јавно обвинителство – Штип ја истражува сообраќајната несреќа на патот Штип – Кочани, во која едно лице го загуби животот

Скопје, 17 Септември 2014

Надлежното Oсновно јавно обвинителство – Штип изврши увид на лице место за сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Штип – Кочани, во која едно лице го загуби животот.

Од засега неутврдени причини, возачот на моторното возило Форд Фиеста, поминал во спротивната коловозна лента и директно удрил во автобус на претпијатието Актива инжињеринг од Штип, кој во моментот не превезувал патници. Возачот на патничкото возило починал на лице место.

Надлежниот обвинител донесе Наредба за обдукција на починатиот, со цел утврдување на фактите во предметот.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

240 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Охрид поднесе Предлог за определување мерка – Притвор за лицето кое му нанесе тешки телесни повреди на чуварот на МЈП „Проаква“

Скопје, 15 Септември 2014

Надлежното Основно јавно обвинителство – Охрид донесе Наредба за спроведување истрага против едно лице за сторено кривично дело – Убиство во обид, од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Осомничениот на ден 14 септември 2014 година , без причина и повод, физички го нападнал чуварот на Meѓyoпштинcкoтo јaвнo пpeтпpиjaтиe „Проаква“ – Охрид, додека вршел службената должност, при што со неколку удари со тврд предмет – камен и употреба на нож му нанел тешки телесни повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид, сметајќи дека се исполнети условите од Законот за кривична постапка, односно дека постои опасност од бегство и од повторување на стореното дело, до судијата на предходна постапка поднесе и Предлог за определување на мерка – Притвор.

Постапката на надлежниот обвинител продолжува во насока на утврдување на сите релевантни факти и околности во извршеното кривично дело.

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

293 total views, no views today

Основното јавно обвинителство – Гевгелија поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор против странски државјанин за сторено кривично дело – Фалсификување исправа

Скопје, 15 Септември 2014

На ден 14.09.2014 година во Основното јавно обвинителство Гевгелија, од страна на Министерството за внатрешни работи поднесена е кривична пријава против едно лице, државјанин на Република Србија, за сторено кривично дело – Фалсификување исправа по чл.378 ст.3вв ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, осомничениот управувал возило со бугарски регистарски ознаки, и истото имало фалсификуван идентификациски број и лажна сообраќајна дозвола.

По увидот во кривичната пријава и доказите кон неа, ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, поради тоа што се работи за државјанин на друга држава, надлежниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија поднесе Предлог за определување мерка – Притвор против осомничениот.

По поднесениот предлог, Основниот суд во Гевгелија донесе Решение со кое на осомничениот му е определен притвор во траење од осум дена.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

236 total views, no views today

Page 50 of 53« First...102030...4849505152...Last »