Основното јавно обвинителство – Велес поднесе обвинение против Градоначалникот на Општина Чашка

Скопје, 29 Јануари 2016

Обвинетото лице се гони за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.3 в.в ст.1 од Кривичниот законик.

Имено, Основното јавно обвинителство – Велес утврди дека во временскиот период од 02.09.2011 год.до 30.04.2013 год.во својство на службено лице – Градоначалник на Општина Чашка, со искористување на својата службена положба и овластување, прибавил значителна имотна корист за Општина Чашка во вкупен износ од 4.058.566,00 денари, а на штета на оштетеното здружение Планинарско спортски клуб ”Солунска глава”- Велес.

Постапувајќи спротивно на одредбата од чл.5 ст.1 од Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, осомничениот иако знаел дека Општина Чашка никогаш не била корисник ниту имател на планинарскиот дом Чеплес, на ден 02.09.2011 год. до Комисијата за легализација, од име на Општина Чашка, поднел барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект – планинарски дом. Исто така, спротивно на условите од чл.6 ст.2 ал.2 од Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, иако бесправниот објект имал инфраструктурни приклучоци, но општината не поседувала доказ за тоа, ниту сметки за платени комуналии,како овластено лице – Градоначалник на општина Чашка, приложил Изјава заверена на нотар дека објектот планинарски дом Чеплес е изграден до влегувањето во сила на Законот.

По спроведената постапка од Комисијата за легализација на општина Чашка на ден 30.04.2013 год.потпишал Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект – планинарски дом за КО Папрадиште, врз основа на кое е извршено запишување на правото на сопственост на Општина Чашка врз планинарскиот дом, кој по донесена Одлука за оттуѓување на Советот на општина Чашка од 03.06.2013 год.е продаден на лицето Љубчо Ѓорѓиев од Велес за сума од 4.058.566,00 ден.

501 total views, 1 views today

Основното јавно обвинителство – Скопје гони вработен во КПУ Идризово

Скопје, 29 Јануари 2016

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице кое се гони за сторено кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик.

На 28.01.2016 година при редовна контрола и личен претрес на лицето вработено како надзорник во КПУ Идризово, во неговите лични работи пронајдено е топчесто пакување налепено со селотејп трака за кое при вештачењето е утврдено дека се работи за марихуана. При извршениот претрес во домот на осомничениот покрај количество на марихуана, пронајдени се и 9 парчиња на муниција.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за поведување на истражна постапка и до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка Притвор. Предлогот е прифатен и со Решение на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

476 total views, no views today

Екстрадиран македонски државјанин осомничен за настаните во „Диво Насеље“

Скопје, 15 Јануари 2016

Денеска од Република Србија е екстрадиран македонски државјанин oсомничен за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394-а и „Тероризам” од чл. 394-б од Кривичниот законик поврзани со настаните во „Диво Насеље“.

Имено, кон крајот на октомври минатата година, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја прошири истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година. Врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка​, надлежниот јавен обвинител имаше издадено Наредба за спроведување на истражна постапка​ за уште тројца македонски државјани што во тој момент беа недостапни на органите на прогонот.

435 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје ја прошири истрагата за убиството на деветнаесетгодишникот кај Бит пазар

Скопје, 12 Јануари 2016

По сознанијата од Министерството за внатрешни работи дека во полициска станица пристапиле две лица, од кои еден малолетник, кои се пријавиле како извршители на кривично дело, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје издаде Наредба за препознавање. На извршеното препознавање еден од оштетените ги препознал пријавените како сторители на кривичното дело во кое животот го загуби 19-годишно лице. Прочитај повеќе…

421 total views, no views today

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе барање за враќање на 20 икони со непроценлива вредност

Скопје, 12 Јануари 2016

Согласно Европската конвенција за меѓусебна правна помош во кривична материја и Законот за меѓународна соработка во кривична материја на Република Македонија, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција преку Министерство за правда, до надлежниот суд во Тирана, Република Албанија, поднесе официјално барање за враќање на 20 икони со непроценлива вредност, сопственост на Република Македонија. Прочитај повеќе…

441 total views, no views today

Поведена постапка за смртта на деветнаесетгодишникот на Бит Пазар

Скопје, 05 Јануари 2016

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице кое се гони за сторено кривично дело  Тешка телесна повреда (со смртна последица) од член 131 став 4 од Кривичниот законик. Надлежен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и достави предлог до Основниот суд Скопје 1 – Скопје за определување мерка притвор за осомничениот. Судот со Решение го прифати предлогот и определи триесетдневен притвор за осомниченото лице.

Во насока на расветлување на настанот, обвинителството нареди собирање на траги од лице место, вршење на потребни вештачења, како и обдукција на телото на починатото момче.

Настанот се случил откако по средба меѓу две групи и настаната вербална расправија, две осомничени лица извадиле остар предмет со кој три пати го повредиле сега починатото лице во пределот на градниот кош и стомакот. Осомничените лица, од кои едно во моментов е недостапно на органите на прогонот, повредиле уште едно лице кое по медицинска интервенција е пуштено на домашно лекување.

381 total views, no views today

Основното јавно обвинителство Скопје води постапка против едно лице кое при вршење семејно насилство се обидел од живот да ја лиши сопругата

Скопје, 04 Јануари 2016

Јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за  четириесет и четири годишен скопјанец за сторено кривично дело Убиство (во обид). Осомничениот во неделата ја нападнал својата сопруга, по што со употреба на нож и сатар и нанел тешки телесни повреди. На семејното насилство кое завршило со крвав деликт сведок било и едно од трите деца на брачните партнери. По извршеното кривично дело, осомничениот беше лишен од слобода.

Јавен обвинител по увидот на лице место донесе Наредби за вршење на потребни вештачења, собирање на траги од лице место како и сослушување на повеќе лица со цел расветлување на настанот.

Ценеjќи дека се исполнети законските основи, обвинителството достави предлог до судија на предходна постапка за определување на мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен од судот, па со Решение на осомничениот му е определен притвор во времетраење од триесет дена.

493 total views, no views today

Отворена постапка против три лица за убиството на 26-годишен охриѓанец

Скопје, 02 Јануари 2016

Основното јавно обвинителство – Охрид отвори постапка против три лица, осомничени за вчерашниот настан во кој животот го загуби 26-годишен жител на Охрид.

За трите лица, државјани на Р. Србија, од страна на надлежен обвинител е побарано одредување мерка притвор. Судија на претходна постапка за трите лица определи притвор во времетраење од 30 дена.

Еден од осомничените се гони за кривично дело Убиство од чл.123 ст.2 од Кривичниот законик – убиство извршено на свиреп начин. Останатите двајца се товарат за кривично дело Помагање од чл. 365 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство – Охрид ја продолжува истрагата за овој случај.

504 total views, no views today

Истрага за даночно затајување од околу 44 милиони денари

Скопје, 29 Декември 2015

Основното јавно обвинителство – Скопје по добиеното известување од Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција оформи предмет ​за извршено кривично дело – Даночно затајување од член 279 ст.2 вв со ст.1 вв со член 45 од Кривичниот законик. Според добиеното известување во периодот од 2010-2015 година лицето Ф.С. од Скопје, како сопственик и управител на Друштво за градежништво и трговија на големо и мало „Фарком Инжењеринг“ ДООЕЛ Скопје, подигнал лично за себе парични средства во износ од 80 милиони денари без притоа да пресмета и плати персонален данок од доход.

Надлежниот јавен обвинител до Бирото за судски вештачења издаде Наредба за изготвување на финансово вештачење на финансиската и сметководствена документација на друштвото. Наодите од вештачењето укажуваат дека лицето со намера во повеќе временски поврзани дејствија, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и околности одбегнал плаќање на данок.Според искажаните податоци во деловните книги лицето во својство на сопственик, управител со неограничени овластувања, овластен потписник и одговорен за севкупното работење, давал лажни податоци за своите остварени приходи и приходите на правното лице, не водел уредна сметководствена евиденција, не пресметал и одбегнал да плати данок на додадена вредност, персонален данок од доход и данок од добивка согласно законските прописи, со што нанел штета на Буџетот на Република Македонија од околу 44 милиони денари.

Надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување на мерка – Притвор што беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка ​со донесување на Решение за определување на притвор во траење од 30 дена.

574 total views, no views today

Побаран притвор за негувателката осомничена за малтретирање старица

Скопје, 28 Декември 2015

Основното јавно обвинителство – Скопје до наделжен суд поднесе Предлог за определување мерка притвор за негувателката родена 1951 година, за која постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Телесна повреда од чл.130 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик.

Осомничената се товари за повредите нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена на чување.

Од страна на судот, на осомничената и е одреден притвор во траење од осум дена.

463 total views, no views today

Page 57 of 79« First...102030...5556575859...70...Last »